Одговара д-р Антонио Антовски од Градската општа болница „8-ми Септември“ – Скопје.
Постојат неколку општо прифатени алатки т.н. индекси коишто може да ни дадат ориентација, да видиме дали имаме прекумерна тежина. Така наречениот Body Mass индекс ја зема во предвид телесната тежина наша, споредена со висината на телото меѓутоа пресметана во површина во метри квадратни. Тоа е достапно како формула со која секој може да пресмета, на интернет е достапна формулата. Во принцип до 25 Body Mass индекс велиме дека имаме нормална телесна тежина, над 25 зборуваме за прекумерна, над 30 веќе за многу зголемена телесна тежина.
Што е важно? Важно е да се каже дека Body Mass индексот е ориентација, значи тоа им помага на докторите и на секој од нас да видиме каде сме, каде спаѓаме од прилика. Меѓутоа, не е доволно треба да се води сметка за други работи. Значи Body Mass индексот не зема во предвид други работи како дали е маж или жена. Има разликата во конституцијата. Нормално кај жените има повеќе масно ткиво, тоа се хормонски влијанија, кај мажите повеќе мускулна маса, не ја зема предвид ниту телесната градба значи, имаме атлетски градени луѓе со голема мускулна маса кај што може Body Mass индексот ќе биде поголем од 25. Тоа не значи дека тие се со прекумерна тежина. Пак, ќе потсетам прекумерната тежина подразбира повеќе масти во телото од тоа што е нормално. Не ја зема во предвид возраста. Значи, возрасната популација со стареење доаѓа до атрофија на мускулната маса, се намалува мускулната маса и таа учествува со помал процент во телесната тежина и затоа кај нив Body Mass индексот треба да се прилагоди спрема возраста. Тука дури улога игра и расата. Така да има повеќе работи кои што треба да се земат во предвид.
Body Mass индексот е само ориентација, има и други индекси како што е на пример односот на пример половината и колкот. Па, имаме калкулатор во однос големината на половината па има некои бројки кај мажи е 107 до 110, а кај жени 86 до 90. Меѓутоа пак ќе кажам тоа е само дополнителна информација. Има индекси кои ја земаат предвид висината со големината на појасот.
Во поново време дури имаме и можност да се искалкулира процентот на мастите, протеините во организмот сето тоа докторот да го земе во предвид и да земе во предвид дали има и други ризик фактори кај пациентот или кај здравата личност, дали има зголемен крвен притисок, проблем со шеќерот, проблем со хормоните во мал процент во гојазноста учествуваат и јатрогени пример хипертиреоза имаме нарушена функција на тироидните хормони тоа влијае врз метаболизмот и може да биде причина за прекумерна тежина со корекција на недостатокот на хормони може да се реши проблемот. Луѓе коишто користат стероиди од различни причини може да добиваат телесна тежина. Не знам, антидепресиви исто така може да влијаат.
Значи задача е сега на докторот да ги земе сите тие работи во предвид и да ја одреди идеалната телесна тежина на пациентот и соодветно на тоа да порача редукција и на кој начин да ја постигне таа редукција.