Одговара Оливер Миланов од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Во изминатиот период не се соочивме само со африканската свинска чума, туку се соочивме и со други болести како што се син јазик, шап и лигавка, пипиар болеста кај мали преживари. Сега за сега да кажам дека добро опстојуваме, добро сме заштитени. Тоа е знак и дека добро работиме на терен. Спроведовме некои работилници со стручњаци од Агенцијата за храна и ветеринарство кои во неколку наврати направија еден вид како работилници или обуки за самите фармери и сточари во однос на превенцијата, биосигурностите мерки во самите фарми како треба да биде спречена таа болест, на што треба да се внимава. Мислам дека за сега Македонија како држава добро се спротивставува на овие одредени болести за разлика од соседните земји како што е Грција каде што од таа болест уште во летниот период околу 16.000 грла на добиток беа уништени за еден ден. Имавме шап и лигавка претходниот месец во Германија, сега делумно е ослободена државата, една мала покраина останува. Пред недела дена веќе шап и лигавка, болеста е појавена во Унгарија, ние како Агенција за храна и ветеринарство, еднаш реагиравме и донесовме забрана за увоз на живи животни и нус производи од истата земја.