fbpx

Кои се предностите на платежната сметка со основни функции? Колку се заштедува со оваа сметка?

Одговара Билјана Доновска Гечева од Народната банка на Република Северна Македонија.

За прв пат во нашата земја со донесување на новата законска рамка Законот за платежни услуги и платни системи на граѓаните им е овозможено да ја користат платежната сметка со основни функции. Она што ја прави платежната сметка со основни функции од обичната платежна сметка е ограничувањето на надоместокот кој граѓаните го плаќаат за оваа сметка. Имено, со законот платежната сметка со основни функции граѓаните можат да ја користат со надомест најмногу до 38 денари колку што тековно изнесува, подвижниот просек од месечните нето плати во нашата земја во висина 0, 1 процентен поен. Она што ja прави иста платежната сметка со основни функции со обичната платежна сметка е што на оваа платежна сметка со основни функции граѓаните може да внесуваат парични средства, да ги повлекуваат, може да извршуваат  платежни трансакции, да плаќаат комунални услуги, но и да ги користат своите дебитни картички за плаќање на физички места на продажба или пак на интернет.

Платежната сметка со основни функции не може да користи дозволено пречекорување или така наречено одење во минус што значи граѓаните за да ја користат платежната сметка со основни функции мора да поседуваат сопствени средства. Платежната сметка со основни функции на граѓаните им овозможува во рамките на надоместокот на месечното одржување да извршуваат неограничен број на платежни трансакции од внесување или повлекување на готовина на шалтерите на банките или пак на мрежата на нивните банкомати. Но, исто така и да извршуваат неограничен број на плаќања со картичките или пак да извршуваат минимум пет таканаречени плаќања односно кредитни трансфери кај истата банка, односно доколку плаќањето е во корист на примач било тоа да е физичко или правно лице кај истата банка. Исто така треба да се напомене дека за да се има платежна сметка со основни функции граѓанинот не може да поседува платежна сметка со основни функции во друга банка или пак кај истата банка.

Исто така платежната сметка со основни функции и било која сметка се отвора со склучување на рамковен договор, а банката е должна пред граѓанинот да ја отвори платежната сметка со основни функции да добие без надомест информативен документ за надоместоците за да се информира за тарифата на банката, но и за сите останати услови за користење на платежната сметка со основни функции. Исто така би спомнале дека законот предвидува една определена категорија на граѓани за коишто надоместокот за платежната сметка со основни функции изнесува нула. Тоа се граѓани коишто законот ги предвидел како група корисници на одредени законски права. На пример, студентите и учениците кога користат стипендија, надомест или друг тип на кредит. Исто така корисници на одредени социјални права заштита детски додаток, или пак надомест на штета, за неможност за извршување на работа, спреченост на работа и слично. Оттука би препорачале граѓаните да се информираат банките за можностите за користење на платежната сметка со основни функции.  Но, исто така и на веб страната на Народна Банка постои посебна брошура која што ги интегрира овие информации.