Кој се смета за автор на едно авторско дело и кои права ги поседува?

Одговара Златко Обрадовиќ, извршен директор на ​​Патентцентар – Консалтинг АД Скопје.

Лицето кое го создало авторското дело се смета за автор на делото и ги поседува исклучивите права на создаденото дело од моментот на неговото создавање. Овие права не подлежат на регистрација. Согласно националните законодавства и меѓународните конвенции, авторските права се универзални, односно важат во сите земји потписнички на овие конвенции. Правата се состојат од материјални права и морални права.

Материјалните права се однесуваат на правото на објавување, умножување, јавно прикажување итн. и можат да се пренесат со договор во целост или временски и/или територијално ограничено. Траењето на овие права е за целиот живот на авторот и седумдесет години по смртта на авторот.

Моралните права главно се однесуваат на правото на авторот да биде означен како автор на неговото дело и овие права се непреносливи и траат временски неограничено.