Одговара д-р Антонио Антоновски од Градската општа болница „8-ми Септември“ – Скопје.
Е сега, да не испратиме погрешна порака, луѓето да не мислат дека не смеат да пијат алкохол значи во умерени дози е ставот генерално на кардиолошките здруженија и асоцијации односно дека не треба да се внесува од 14 единици, односно дози на алкохол неделно. Е сега да не помисли некој дека тоа е препорачана доза колку да се пие неделно, туку тоа велиме е максимумот после кој веќе со сигурност очекуваме штетно влијание на алкохолот по здравјето. Дневната доза препорачана за мажите е две единици на алкохол, за жените е една единица на алкохол. Зошто е тоа така?
Има тенденција во некои земји да ги изедначат мажите и жените што е погрешно затоа што има објективна причина зошто жените помалку го поднесуваат алкохолот и зошто алкохолот е поштетен кај жените. Поврзано е со метаболизмот, поврзано е со телесната маса, поврзано е со количината на вода кај жените. Кај жените е помала количината на вода. Затоа влијанието на алкохолот на дехидратацијата, влијанието на хормоните доведува до штетни манифестации на кардиоваскуларното здравје, да не збориме и за другите како карциномот и другите проблеми. Велиме 14 единици неделно, а препораката вели да има два или три дена без алкохол. Значи треба да оставиме денови кога организмот нема да мора да се справува со алкохолот, да го метаболизира. Е сега ако е така, ако не треба да пиеме два дена или три дена ни останаа еве пет дена во неделата. Ако две дози се дневен лимит за мажот, значи не е ни 14 безбедно. Нешто 10 и помалку од 10 некоја количина за која велиме дека кај повеќето луѓе нема да направи штета на кардиоваскуларното здравје.
Е сега што е единица? Верувам тоа нè интересира. Единица алкохол се пресметува затоа што имаме алкохол со 40%, пијалаци со 40% алкохол, имаме 5% - 4% како пивото, 12 - 10% кај виното. Чашка жесток алкохол 40% се смета 40мл. ракија, виски, коњак, бренди кој што пие. Тоа е една доза. Таа една доза содржи иста содржина на алкохол како едно пиво, ама велиме пиво од 330мл, не од 500. Значи, дозата на алкохол што одговара на дозата ракија со пивото е 330мл. Значи дневно треба да испиеме две пива од 330мл. кај виното таа количина е околу 140мл нешто помалку од 30 прагматични кога ќе се извади од литрото. И кај пивото реков веќе 330 тие се најчестите пијалаци што ги консумираме. Треба да се најдеме каде сме, колку консумираме, и да сфатиме дека може да направиме штета по своето здравје, доколку количината на алкохол ја надминува оваа количина што велиме дека не како препорачана, туку дека не треба да биде штетна по здравјето.