Одговара Мирјанка Алексовска, експерт од областа на трудовото право.
Решение за скратено работно време се дава на работник со намалена работна способност поради кој тој се стекнува со право на скратено работно време или прераспоредување на друго соодветно место и ова се дава врз основа на прописите од пензиско и инвалидско осигурување. Оценка и мислење за скратено работно време дава комисија за оценка на работна способност при Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Значи, решението на Комисијата за скратено работно време е дадено врз основа на барање и доколку работникот сака да се откаже од стекнатото право на скратено работно време сметам дека треба да се достави барање до Комисијата со цел да не дојде до нарушување на здравствената состојба и работната состојба на работникот.