fbpx

Која е постапката за воведување трофазно напојување во стара зграда и дали може да се финансира од резервен фонд?

Одговара Ќемал Ќамили од Регулаторната комисија за домување.

Во поглед на постапката за воведување трофазно напојување во стара зграда потребно е за одговор управителот или претседателот на заедницата на сопственици да се обратат до ЕВН Македонија. Додека пак начинот на плаќање се регулира со договорот за заемни односи како и со планот за одржување на зградата. А за трошоците што настанале со преземање на активности врз основа на одлуки донесени на начин пропишан со Законот за домување поточно одлука за која гласале повеќе од половина од сопствениците на посебните делови, одговараат сите сопственици на посебните делови без оглед на тоа дали гласале против предложените одлуки.