Одговара проф. д-р Глигор Тофоски од Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство.
Па, секоја пациентка која што ќе дојде и ќе лекува инфертилитет ќе ги помине сите овие основни процедури доколку има апсолутни индикации за правење на ин витро процедурата, може да прејде и во правење на ин витро. Tоа би било во ситуации кога на пример има исклучително мал број на сперматозоиди или не постојат, па тогаш треба да се добијат на поинаков начин. Ако на пример за претходни медицински состојби двата канали, двете туби не се функционални, не се проодни, се извадени може да биде во ситуации каде што има тешки случаи на ендометриоза или тешки случаи на полицистичен оваријален синдром и во определени некои генетски заболувања каде што има претходно потреба да се види каков тип на ембриони треба да се добијат. Меѓутоа сите пациентки кои што сакаат да го користат правото на ин витро оплодување значи на биолошки потпомогнато оплодување треба да аплицираат со сите документи преку матичниот гинеколог до ФЗОМ каде што комисија ги разгледува документите, обезбедува ваучери и после пациентите со тие документи може во било кој во центрите вклучувајќи и ја и гинеколошко-акушерската клиника да дојдат и да се обави таа постапка кај нас.