Одговара Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.
Потребен е координиран пристап и потребни се вложувања во рамки на набавките коишто се случуваат тековно. Но, секогаш мора предвид да се земе одржувањето на системите затоа што често се случува да се набави некаков систем од 2020 година да речеме, а потоа кога ќе истечат лиценците, тие лиценци и таа заштита не се повторува, не се обезбедува и не се заштитуваат системите понатаму. Така што, мора да се размислува долгорочно и одржливо затоа што не може институциите да зависат од проект којшто ќе обезбеди некаква нова алатка или некаков софтвер, а потоа да не се платат соодветните лиценци.
Во постоечките буџети треба да се предвидат и буџети за сајбер безбедност и тоа нема да бидат големи издатоци доколку сите институции го прават. Но, доколку една институција треба да го прави за сите други институции, тогаш зборуваме за еден поголем буџет. Но, секако сето тоа зависи од состојбата на системите во моментот.