Одговара проф. д-р Глигор Тофоски од Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство.
Генерално не постои некое званично правило. Порано имаше големи сомневања поради лековите затоа што самата постапка на ин витро значи дека прво примате лекови коишто најчесто ги снижуваат вашите хормони и после тоа и атрогено докторот додава поголеми количини од хормони отколку што нормално има една жена. Тоа значи дека ако во еден циклус имаме само еден фоликул и една јајце-клетка најчесто кај пациентките овде тежнееме да добивме помеѓу осум и петнаесет јајце-клетки во еден циклус. Значи, да не се ни премногу, да не се ни помалку од тоа. Затоа што после тоа дел од тие нема да се оплодат, дел ќе се оплодат дел ќе ги вратиме обично се враќаат еден или два ембриони, а останатите може да се криопрезервираат односно да се замрзнат за понатамошни постапки.
Кај некои земји постои ограничување, кај некои не постои. Ние лично сме имале пациентки и по девет и десет пати кои оделе на ин витро фертализација и да кажеме немале некакви последици во однос на самиот процес, односно на она што се случува со организмот со појава на некакви карциноми понатака во животот. Иако, постои некоја лесна можност во тие случаи екстремни случаи имаме појава на одредени типови на карцином. Кај нас претежно пациентките затоа што Фондот дава три обиди за ин витро, обично одат на три обиди, па уште еден-два пати ќе пробаат и сами. Меѓутоа тука завршува приказната доколку не останат бремени. Нормално, како и секоја друга приказна, како и секое друго лекување некои за среќа ќе останат од првиот циклус на ин витро, некои ни од вториот, ни од третиот, некои ни од десеттиот циклус. Знаете и сами скоро имаше пациентка којашто пробувала многу години за да на крај конечно во подоцнежната возраст се реализира како мајка.