Одговара Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.
Во моментов поради непостоење на сеопфатна регулатива која го регулира овој простор, секоја институција сама одговара за безбедноста на податоците и безбедноста на системите во својата организација. За жал, поради непостоење на системски одговор по овие прашања нѝ се случуваат сајбер напади за коишто немаме доволно информации и немаме начин како да одговориме, па секоја институција, секој раководител на поединечна институција сам треба да се снаоѓа, да одлучи и да најде ресурси како да одговори на поединечните напади коишто се случуваат.