Одговара Весна Кочовска, експерт за работнички права.
Според член 171 од Законот за работните односи мајката која го дои детето и по изминувањето на отсуството поради бременост, раѓање и родителство ќе започне со работа кај работодавачот со полно работно време има право на платена пауза во текот на работното време во траење од еден ипол час дневно во кое време се засметува и дневната пауза. Тоа право работничката која го дои детето го има се до наполнета една година возраст на детето.