Одговара Татјана Тасевска од Организацијата на потрошувачите на Македонија.
За сите технички производи следува гаранција, потрошувачот има право по закон да добие гаранција која што ќе биде заверена со датумот со кој го купил производот за да може да ги искористи правата од гаранција во иднина, доколку се расипе производот мора да ја чува гаранцијата и фискалната сметка. Гаранцијата ја барате од продавачот таму каде што сте купиле без разлика што тоа е во маркет. Значи, маркетите кои што продаваат технички производи имаат обврска да ја заверат гаранцијата на производот којшто го продаваат. Значи потрошувачот во овој случај треба да се обрати до маркетот, затоа што таму го купил производот и да побара да му биде издадена гаранција. Доколку одбијат да му издадат гаранција во тој случај може да пријави или до нас како организација на потрошувачи или до Државниот пазарен инспекторат кој што практично ќе донесе решение со кое што ќе биде наложено да му се издаде гаранција.