fbpx

Кога ќе почнат да се применуваат намалените тарифници за катастарските услуги?

Одговара Иван Живковски од Агенцијата за катастар на недвижности.
Да како што кажавте, како што беше запознаена целата македонска јавност предложивме намалување на тарифникот на услугите коишто ги дава катастарот спрема физичките лица коишто ги користат и другите корисници. Постапката е започната. Веќе се помината неколку филтри до одобрување на самиот правилник. Јас очекувам оваа недела на Седницата на Владата на Република Македонија или на наредната седница на Владата да помине одобрението практично на предлог правилникот, потоа истиот да биде објавен во службен весник и се надевам дека до крајот на месец септември веќе ќе стапи на сила новиот правилник и граѓаните но и другите лица, правни лица кои што ќе ги користат услугите на катастарот ќе плаќаат услуги по далеку пониски цени или просек како што ние пресметавме околу 75% намалување на цените на услугите.