Одговара Оливер Миланов од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Граѓаните треба да внимаваат од каде купуваат храна, таа храна треба да ја проверат прво да биде декларирана. Храната треба да биде неуништлива или доколку постојат симптоми за таа храна да биде нагмечена со оштетена амбалажа или зголемена во обем амбалажата, треба да внимаваат на хигиенската пракса во самиот објект од каде што ја купуваат, со зголемувањето на температурите во летниот период расипливата храна која е купена од ладилник или фрижидер да ја купуваат во последниот дел од пазарењето, односно да внимаваат на самиот транспорт во превозно средство дали станува збор за автомобил, исто така да се внимава и на самата храна. Во однос на приготвувањето кога станува збор за одредени салати храната треба неколку пати во самото приготвување да биде добро измиена и во приготвувањето исто така да се води хигиена, неколку пати треба и рацете да бидат измиени.
Во однос на тоа треба да се внимава и во приготвувањето на храната и во делот како се чува кога е приготвена храната односно да биде на топлотен режим над 60 степени, а лесно расипливите продукти како што се месото и јајцата да се чуваат на температура под 5 степени Целзиусови.