fbpx

Од која возраст треба да се почне со колоноскопски преглед на дебелото црево?

Одговара проф. д-р Светозар Антовиќ, специјалист по дигестивна хирургија и декан на Медицинскиот факултет при УКИМ.

Колоноскопијата, прво да кажам за гледачите е ендоскоспко испитување со флексибилен ендоскоп на дебелото црево. Вака, многу често се плашат кога се препорачува на пациентите и верувајте мислам дека она што треба да го кажеме за нив е дека навистина ништо страшно не се случува при колоноскопијата. Едноставно со камера се поминува низ дебелото црево кое што и онака е шуплив орган. Така да најчесто искуствата на пациентите зависат и од самиот степен на толеранција на болка којшто е индивидуално кај секој и може да слушнете најразлични искуства од тоа дека ништо не осетиле до тоа дека е многу болно. Мислам, дека е убаво да бидеме искрени кога кажуваме дека е навистина доживувањето при колоноскопија е прилично индивидуално и она што може да се помогне кај пациенти коишто се многу исплашени истата да се направи со анестезија. Но, во секој случај зборуваме за испитување кое навистина не е толку инванзивно. Инаку, што се однесува до препораките за кога со оглед дека карциномите се почесто ги гледаме кај помала возраст таа граница која што беше од 55 години, сега драстично ја намалуваме на 45 години. И верувајте дури ние како клиничари стануваме многу полиберални во иницирање на тоа испитување, бидејќи и тоа не е гаранција дека вие ќе се спасите од рак на дебело црево. Дури и да направите на 45 години, бидејќи ја гледаме и кај помлади пациенти. Но, генералната препорака е од 45 година да се почне со ендоскопски испитувања. Не само на колонот, туку и на желудникот.