Одговара Мирјанка Алексовска, експерт од областа на трудовото право.
Со Законот за празници во Република Македонија утврдени се државните празници и другите неработни денови кои се празнуваат од припадниците од одделни заедници вклучувајќи и го Денот на Бошњаците кој е неработен ден за припадниците на бошњачката заедница, а тоа е 28 Септември. Значи, овој ден за припадниците на бошњачката заедница е неработен и не треба работодавачот на работникот да му земе ден од годишниот одмор. Меѓутоа, ова не треба и да се злоупотребува затоа што припадноста на одредена заедница тоа е лично чувство и право на самиот работник. Мислам дека работодавачот од овие причини побарал од работникот тој да се изјасни на која заедница припаѓа.

