Одговара проф. д-р Глигор Тофоски од Македонското здружение на гинеколози и опстетричари (МАГО).
Ендометриозата за разлика од карциномите, тоа не е карцином. Релативно тоа е бенигно заболување. Значи, меѓутоа е многу често се претпоставува дека со подобрата дијагноза некаде една од десет жени има ендометријално жариште. Некаде вон местото каде што тоа треба да се најде. Значи, ендометријумот нормално се наоѓа во празнината на матката во кавумот на утерусот. Меѓутоа ова е некоја атипична локализација која што има многу теории како доаѓа на други места. Најчесто оди во јајниците или во перитонумот во абдоминалната стомачна празнина. Таа болест на почетоците не дава многу јасни и сигурни симптоми. Може да даде симптоми на дисмонореа на болни менструални крварења, некогаш и пролонгирани крварења. На диспареунија болки при сексуални односи, некогаш некои нејасни симптоми поврзани во тек на самиот циклус.
Меѓутоа тоа е онаа прва фаза во која многу често не е дијагностицирана во понатамошната фаза дава како цисти на јајниците коишто се полнат тие ги викаат така наречени ‘чоколадни цисти’ кои што се полнат со крвта фактички што се собира и истекува во самиот јајник и кога таквата циста ќе руптурира овој супстрат којшто постои внатре многу лесно внатре може да направи приластици, значи атхезии меѓу јајникот, дебелото црево, матката сите органи што постојат внатре и веќе да даде посериозна симптоматологија. Значи пациентките сериозно да имаат проблеми во тек на целиот менструален циклус, а поготово во тек на целото менструално крварење.