Одговара д-р Антонио Антовски од Градската општа болница „8-ми Септември“ – Скопје.
Гојазноста е светски проблем. Кога зборуваме за гојазност зборуваме за прекумерна количина на масти во телото. Во светски рамки таа е 40 до 50% застапеност кај возрасната популација во Соединетите Американски Држави, а во Обединетото Британско Кралство 25%. Тоа што загрижува е што и кај децата, младата популација застапеноста е исто околу 20%. Прекумерната тежина, прекумерните масти во телото во главно се резултат на навиките во животот. Слушаме често пати дека поради генетиката во фамилијата имаме гојазност, факт е дека е многу мал процент од популацијата, во основа е нездравата исхрана, односно храна богата со масти и јагленохидрати кои што се богати со калории.
И вториот момент се прејадуваме, како нација се прејадуваме и сакаме да јадеме повеќе од тоа што се нашите потреби. Еве за споредба за секој да може да се пронајде на мажите кои се релативно физички активни дневно потреби им се потребни околу две ипол илјади калории, кај жените околу две илјади калории. Е сега, еден оброк хамбургер со помфрит има речиси две илјади калории значи во еден оброк буквално, а каде се останатите оброци во текот на денот. Ако внесуваме газирани пијалаци, зашеќерени што велиме не алкохол не треба да бидеме свесни дека во една чаша Кока Кола има повеќе лажици шеќер. Шеќерот е калории така да буквално тој што ќе внесе литро Кока Кола како да внел еден оброк. Тоа прејадување и неквалитетните калории. Значи треба здрава храна, термички не обработена, богата со растителни влакна, односно зеленчук и овошје да бидат доминантни во нашата исхрана за да не внесуваме вишок на калории.