Одговара Златко Обрадовиќ, извршен директор на Патентцентар – Консалтинг АД Скопје.
Географската ознака е колективно право, кое се користи за означување на производ чии карактеристики произлегуваат од специфичната географска положба и климатски услови на одредено подрачје каде што се врши неговото производство. Карактеристични примери се пенливото вино Шампањ кое се произведува во истоимениот регион во Франција или сирењето пармезан кое потекнува од регионот на градот Парма во Италија. Во процесот на одржување и заштита на правата на географска ознака се вклучени локалните власти како и организациите на произведувачи со цел контрола на квалитетот на производот кој ја носи предметната ознака, како и почитување на колективните права на производителите кои произлегуваат од регистрираната географска ознака.