fbpx

Што презема Народната банка во делот на заштитата на потрошувачите?

Одговара Елизабета Недановска од Народната банка на Република Северна Македонија.

Потрошувачот на финансиските производи и услуги е значен сегмент во финансискиот сегмент во финансискиот систем, бидејќи неговото задоволство доверба и финансиско здравје влијае на одржливоста и развојот на финансиските институции и на економијата во целина. Финансиските институции добро ги познаваат сопствените финансиски производи и услуги за разлика од индивидуалните потрошувачи, односно физичките лица коишто ги користат овие услуги и производи. Тоа доведува до една нерамноправна положба којашто е неповолна за потрошувачот, бидејќи станува збор за една обемна информација на знаења на ресурси каде што потрошувачите немаат доволно познавања.

Во едно денешно време во услови на една ваква рапидна дигитализација, во услови кога имаме се пософистицирани производи и услуги за користење потрошувачот е оној кај кој навистина има потреба да има доволно информации за да може да ги користи придобивките коишто ги нуди финансискиот сектор и финансиските институции, но да биде свесен и за ризиците за користење на овие производи и услуги. Од тука централната банка посветува повеќе внимание на заштита на правата и интересите на потрошувачите кои се корисници на финансиските услуги под водство на Народната банка беше донесена национална стратегија на финансиска едукација и финансиска инклузија во која поголем број на мерки и активности всушност се насочени кон правата на потрошувачите, односно кон пренесување, кон финансиските институции на потребата овој сегмент овој аспект да биде секој пат земен во предвид кога ги прават своите политики, своите деловни одлуки како и во меѓусебната комуникација што ја имаат со потрошувачите.

Воедно Народната Банка во изминатите години придонесе многу во креирање на една регулаторна рамка со која се опфатени токму правилата и правата на потрошувачите корисниците на финансиски производи и услуги. Тука, особено би сакала да го спомнам

Законот за платежни услуги и платни системи каде што голем дел од одредбите ги штитат потрошувачите на финансиските услуги и производи донесен е и циркулар на заштита на потрошувачите кои циркулар е задолжителен за примена на банките. Би сакала да напомнам дека и Народната Банка започна со спроведување на теренски контроли на вонтеренско следење се од аспект да ја поттикне заштитата на потрошувачите кај финансиските институции и од тие причини е оформена Дирекција за заштита на потрошувачите и финансиска едукација.

Говорејќи за активностите кои ги презема Народната Банка за заштита на потрошувачите би сакала да ја напомнам и алатката за надоместоците на банките оваа алатка директно придонесува за поголема информираност на самите потрошувачи и секој потрошувач, секој граѓанин може да пристапи кон интернет страницата на Народната Банка каде што може да направи споредба на надоместоците и тоа по давател на финансиска услуга на платежна услуга или пак по видот на самата услуга што ја пребарува. Во секој случај сите активности во однос на заштита на потрошувачите интензивно ќе бидат спроведувани во целиот период затоа што ова е потреба која што го штити самиот потрошувач корисникот на финансиските производи на услуги и тоа особено од аспект на обезбедување на потранспарентно работење на финансиските институции, односно на овој сектор, понатаму обезбедување на подобра информираност на самиот потрошувач како и овозможување на механизми во рамки на финансиските институции кои што се однесуваат на ракување со поплаките поднесени од нивните клиенти, односно потрошувачите како се од аспект на заштита од нефер практики.