fbpx

Што значи ХПВ испитување и тестирање?

Одговара проф. д-р Глигор Тофоски од Македонското здружение на гинеколози и опстетричари (МАГО).

Па, сите знаете како превенција значи еден од методите за скрининг на цервикалниот карцином е ПАП тестот, но тој не е идеално точен. Своевремено бил единствениот кој што можела медицината да го употребува и затоа има направено голем напредок во однос на тестирањето и во однос на откривањето на грлото на матката во пораниот стадиум кога може многу полесно да се оперира. Кога ќе се открие дека причинителот во 99% се ХПВ вирусите, односно високо ризичните ХПВ вируси. Значи, има голем тип на ХПВ вируси некои предизвикуваат само брадавици и не се канцерогени, не предизвикуваат рак. Овие високоризичните доколку влезат во ткивото на грлото на матката се трансформираат го трансформираат ткивото на матката и преминуваат во рак. ХПВ тестирањето е всушност еден чекор после ПАП тестот да кажеме за воспоставување на дијагноза односно дали доколку на ПАП-от има нешто би можело во тој случај да се докаже и со ХПВ тестирање.

Меѓутоа во денешно време како медицината напредува се препорачува ХПВ тестирањето всушност биде и првата метода за скрининг на рак на грлото на матката. Значи, затоа што порано таа метода која што се користи беше релативно скапа сега се тие на релативно пониско ниво на цените и кога ќе видиме во однос на точноста, затоа што ПАП тестот може да има и до 25% неточни резултати. Тоа значи да постои карцином, а вие на ПАП-от добиете резултат кој ќе каже дека се е во ред. И обратно може да постојат резултати кои што ќе покажат дека има некаква промена, всушност тоа да не биде карцином да биде некоја бенигна инфламација, инфекција итн.

ХПВ тестирањето тука го нема тој проблем. ХПВ тестирањето веднаш ќе ви каже: Дали вие имате во организмот во цервиксот во вагината ХПВ вирус. Е сега, доколку се покаже дека има ХПВ високо ризичен вирус, тогаш би требало да се направат сите до иследувања. Може да се прави ПАП тест меѓутоа препораката е да се оди на колпоскопски преглед. Значи, да се види дали има некакви промени? Евентуално да се направи биопсија и ендоцервикална киретажа, односно да се направи киретажа на отворот кој се наоѓа во цервикалниот дел на матката.