Дали може да се блокира сметка поради неажурирани податоци? Дали може банка да ти ја блокира сметката во друга банка?
Одговара Ангела Шумкоска од Македонското здружение на млади правници.
Банките може да ги блокираат сметките на нивните корисници во неколку ситуации: кога навремено ги немаат ажурирано нивните податоци, поради подолго време на некористење на нивната сметка, односно немаат никакви трансакции долг временски период и кога ќе го надминат дозволениот минус во банката. Банките со интерен акт наведуваат на колку време корисниците мора да ги ажурираат нивните податоци и притоа доколку сметката е блокирана по доставување на уредна документација од страна на корисникот тие имаат обврска да ја одблокираат нивната сметка. Банките имаат овластување да ги блокираат сметките на нивните корисници на горе наведените ситуации меѓутоа немаат овластување да ги блокираат сметки на корисниците кои што имаат во други банки освен ако на тоа не претходела постапка пред извршител или Управа за јавни приходи.