Одговара Татјана Тасевска од Организацијата на потрошувачите на Македонија.
Да, значи согласно законот цените коишто се на рафтовите или на самите производи треба да бидат идентични со оние коишто се на касата. Имаме и ние како Организација на потрошувачи такви поплаки, значи потрошувачот има право можеби јас имам толку пари колку што сум видела на производот. На каса најчесто е повисока цената, никогаш не се случило да производот којшто го купувам на каса има пониска цена од онаа која што е ставена на гондола или на самиот производ, потрошувачите најчесто трговците ни велат добро ако е поскапо тогаш немој да го купуваш тогаш можеш да го оставиш. Меѓутоа, потрошувачот треба да има право да си го купи производот по онаа цена којашто ја видел на самиот рафт или на самиот производ. Ги разбирам и трговците во овој период на промена на цени немаат време многу често да ги променат цените, меѓутоа тоа не е исправно односно потрошувачот доколку затекне ваква ситуација треба да пријави до Државниот пазарен инспекторат којшто треба да направи контроли. Односно, мора цената што ми е дадена на производот да биде идентична со онаа што ќе биде наплатена на каса.