Одговара Савче Ѓошева, студентска правобранителка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Студентското организирање е навистина многу важно за општеството бидејќи студентите овде треба да се чувствуваат сплотени во тоа. Самото студентско организирање е база за секакво понатамошно дејствување во општеството. Знаеме дека студентите се моторната сила во општеството, а преку ваквите начини на организирање можат да покажат свои идеи и иницијативи и со тоа да променат нешто. Затоа секогаш ги повикуваме сите студенти да дојдат и да нѝ помогнат, бидејќи само така можеме да направиме нешто во ова општество.