По поплавата од високи сметки за вода, реакција на граѓаните. Повеќето велат дека не знаат зошто треба да платат десетици илјади денари, а плаќале само околу илјада. Од Водовод пак велат дека нивната Комисија за спорни сметки праведно суди по поднесените жалби од граѓаните. Во оваа Комисија членуваат само вработени на Ј.П. Водовод и Канализација. Од Организацијата на потрошувачи велат дека составот на Комисијата треба да се прошири со надворешни лица за да не биде и кадија те тужи, кадија те суди.
Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии.