fbpx

Во 21 век се молат да не им затреба лекар

Лошите временски услови и снегот носат главоболки за илјадници жители во селата во Македонија кои за обична лекарска интервенција мораат да патуваат и по 100 километри. Таков е случајот со Теово, Богомила и други села во регионот Азот во општина Чашка кои ги посети нашата екипа. Жителите велат дека во зима се молат да не се разболат, а во лето да не ги касне стршлен бидејќи може да биде и кобно додека стигне помош. Според нив, главниот проблем е што државата не ги стимулира доволно лекарите да специјализираат и да работат во руралните средини.

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии

Новинар: Владимир Тевчев Снимател: Иван Камчев

Тагови: