fbpx

Ако имате штета поради доцнење на автобус, тужете го ЈСП

Патниците на ЈСП се жалат дека секојдневно доцнат автобусите. Велат дека во летниот период, кога се проретчени и автобусите и фреквенцијата на сообраќање, чекаат и по повеќе од 30 минути. Не работат ни информативните табли и од ЈСП велат дека шест табли се на поправка.

Адвокатот Звонко Давидовиќ ги советува граѓаните да прибираат докази доколку претрпат штета поради доцнењето на автобусот и да поведат граѓански спор против Јавното сообраќајно претпријатие, бидејќи како потрошувачи треба да ја добијат услугата за која плаќаат.

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии Новинар: Славица Филиповска Снимател: Емин Сејрами Монтажер: Костадин Анастасов

Тагови: