fbpx

Пет средни училишта, два универзитети, а ниту една книжарница

Иако е еден од најголемите градови во земјава, во Тетово нема книжарници и за да дојдат до посакуваната литература тетовчани мора да нарачуваат книги од пријатели во Скопје или странство.

Новото продолжение од серијалот „Градови без книжарници“ што го подготви Институтот за комуникациски студии покажа дека во градот под Шар Планина по некој наслов се нуди на продажба во неколкуте продавници за училишен прибор, но изборот е многу ограничен. Сопствениците велат дека книги се продаваат ретко и дека мора да нудат и други работи за да опстојат.

Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии.

Новинар: Александар Самарџиев Сниматели: Владимир Спасовски, Александар Стојановски

Тагови: