На парламентарните избори следната година популистичките партии (или можеби само една) ќе освојат рекорден број гласови и мандати кај нас, или барем такви се очекувањата. Но, ова не нè прави поразлични од сите други европски земји. Во цела Европа, на национално, но и на ниво на гласање за Европскиот Парламент, се очекува исто така рекорден број гласови и мандати за популистичките партии, од лево и од десно. Погонското гориво за ваквиот развој се секако серијата кризи кои се случија во Европа, од онаа финансиската во 2007 година, до најновата во Украина.
Во време на несигурност и страв, популистичките партии цветаат и нудат решенија кои звучат одлично како политички памфлет, но во пракса ретко функционираат. Кои се одликите на популистичките партии? Кои се нивните поддржувачи? Какво е нивното влијание во однос на стратешките цели Македонија? На овие прашања, Ненад Марковиќ разговара со Димитар Николовски од ИСППИ и Јован Близнаковски од Евротинк.
Николовски: Не е што велам туку што правам
Некои велат дека популизмот не е идеологија туку повеќе менталитет, реторичка манипулација или само стил на водење на политика. Некои автори велат дека е само едноставна алатка за социјална и политичка мобилизација, а одредени социолози и филозофи дури и велат дека тоа е само ново име за еден стар феномен – феноменот на политичка демагогија која постоела веројатно од кога постои човечкото општество. Што е најточно од овие дефиниции?
Близнаковски: Мобилизација на гласачите
Едно едноставно и кратко прашање. Кои општествени групи се склони кон верување во популистичка идеологија и поддршка за популистички движења и партии? И зошто?
Николовски: Старите мигранти против новите
Наредната година во јуни нѝ следат изборите за Европскиот Парламент. Како што стојат сега работите, веројатноста популистичките партии да освојат многу поголем број на мандати во однос на сегашниот состав е многу голема. Покрај традиционалните и леви и десни популисти како Fidesz, AfD, Die Linke, GERB, Podemos или Fratelli D’Italia, на списокот ќе се најдат и многу нови популистички движења и партии кои ќе го сменат ликот на Европскиот Парламент. Сепак, вистинското прашање е – како ова ќе се одрази на нас? Дали ќе влијае негативно на нашите аспирации за интегрирање во ЕУ или токму ова се партиите кои ќе донесат промена на подобро?
Близнаковски: Блокади предизвикани од популистички сентименти
Целиот поткаст „Во име на народот“ може да го слушнете тука.