fbpx

„Позеленеа“ столбовите од некогашната синагога „Португал“ во Битола

Уште во 1946 година на влезот од паркот во Битола се поставени четири столбови – единствени остатоци од некогашната синагога „Португал“ која била целосно разрушена за време на Втората светска војна. Иако на столбовите има натпис кој го означува нивното потекло, тоа не го спречило локалното комунално претпријатие да ги бојадиса со зелена боја двата поголеми и во различни бои двата помали столбови.

На прашањето на Институтот за комуникациски студии како се случило остатоците од синагогата да бидат бојадисани како да се дел од урбаната инфраструктура, надлежните велат дека иако се означаени, остатоците од синагогата не се регистрирани и заштитени како културно наследство.

Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии.

Новинар: Љубица Ангелкова Снимател и монтажер: Агим Џело

Тагови: