Година и пол откога стапи на сила Законот за јазиците, нема податок колку преведувачи и лектори вработиле двојазичните општини. Државните институции пак, кои задолжително треба да ја преведуваат целата внатрешна и надворешна комуникација, завршиле само две третини од обврските. Недостасуваат преведувачи и лектори. Во новоформираната Агенција за примена на јазикот, која треба да го олесни процесот на примената на овој закон, вработување чекаат уште 60тина лица.
Новинар: Владимир Тевчев Снимател и монтажер: Иван Камчев
Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии.