Ако секоја барака во Трнодол стане зграда, брдото тоа нема да го издржи – велат жителите на оваа населба, откако локалната власт во Карпош им предложи нов Детален урбанистички план. Во него се предлага зголемување на катноста на сите објекти во Трнодол и изградба на нова зграда. Поради лошото архитектонско проектирање земјиштето еродира, а зелениот фонд е значително оштетен, алармираат жителите и порачуваат дека приоритет на општината треба да биде ревитализација на шумите, а не изградба на згради. Тие се револтирани и што јавната расправа за ДУП-от била закажана во август и дека до нив била доставена само скица, а не детален план со јасно дефинирани коти.
Новинарка: Соња Петрушевска Снимател: Иван Поповиќ Монтажа: Борче Поповски Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии.