Стационарот „Вардариште“ стана јавно претпријатие „Лајка“ кон крајот на февуари. До денеска, објектот сѐ уште се реконструира, а во целосен застој е процесот на заловување и стерилизирација на уличните кучиња. Од Град Скопје признаваат дека има застој. Активистите алармираат дека бројот на бездомни кучиња енормно е зголемен и бараат привремени, бесплатни стерелизации во ветеринарни станици низ градот. Напливот на улични кучиња без соодветен третман создава нетрпеливост и кај животните и кај луѓето.
Видеото го изработи Инситутот за комуникациски студии.
Новинарка: Славица Филиповска Снимател: Емин Сејрами Монтажа: Костадин Анастасов