Референдумот за промена на името ќе биде трет што ќе се спроведе на територијата на целата држава. Планиран е за септември, но сè уште не се исполнети основните услови за негово одржување. Нема Државна изборна комисија, прочистен избирачки список, нејасно е дали ќе гласа дијаспората и дали ќе биде консултативен или задолжителен.
Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии.
Новинарка: Маја Јовановска