Трасата за дел од гасоводот останува на Водно, иако власта не соопштува официјална одлука. Вицепремиерот Кочо Анѓушев вели дека барањето алтернативна локација е невозможно поради кредитите земени за таа рута од претходната власт. Град Скопје се прогласува за ненадлежен фактор, а директорот на Македонски енергетски ресурси Бајрам Реџепи две недели бега од одговори. Најгласни се еко-aктивистите, кои најавуваат одбрана на Водно со жив штит.
Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии.