Одговара Наташа Станојевиќ од Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Согласно законот, старателството може да се даде на некој близок сродник дали е тоа баба, дедо или други роднини само доколку постојат издржани причини. Издржани причини ги сметаме родителите да се на издржување на подолга затворска казна, зборуваме за двајца родители, да се психички болни, да им е одземена деловната способност, да ја напуштиле државата подолг временски период и по нив да има потерница дека се прогласени за исчезнати. Во сите други случаеви родителското право останува и потребно е да се поведе постапка за одземање на родителско право, доколку постојат оправдани сомнежи, дека родителот совесно не ја извршува својата родителска функција. Инаку согласно законот детето може привремено да се додели кај некој близок сродник меѓу кои спаѓаат баба и дедо без да се одземе родителското право.