Дали кога ќе се посети логопед треба да се посети и дефектолог?

Одговара Нермин Теловска од Центарот за говор, слух и глас.

Вака сега ќе кажам. Нели кажав дека логопедот е експерт за говорот, гласот, јазикот. И понатаму, како расте детето читањето, пишувањето, учењето. Дефектологот или улогата на специјалниот едукатор или рехабилитатор може да се пофалиме дека имаме одлични колешки дефектолози. Тие учествуваат во дијагностичкиот тим се прави дијагностика на општиот развој, општиот психомоторен развој на сите сегменти и на сензорната интеракција. Исто така, дефектологот учествува во третман секогаш кога имаме доцнење на тој општ психомоторен развој.

За жал, знаете меѓу луѓето раширено е мислењето дека логопедот е само тој што ќе работи на артикулација на гласовниот кој е најмалиот сегмент од работата на логопедот. Многу често за жал говорните проблеми одат заедно со доцнење на општиот психо-моторен развој. Па, тука и групната моторика и фината моторика, однесувањето, тоа што ни е важно да видиме. Не само детето дали зборува разбира и како се однесува и во социјална средина.