fbpx

Дали кога се оди на инвитро може да се земе боледување?

Одговараат од Фондот за здравствено осигурување.

Правото на привремена спреченост за работа е дефинирана во Правилник од Фондот за здравствено осигурување во кој се утврдени „Критериуми за дијагностички постапки и оцена на привремена спреченост за работа поради болести и повреди или потребата за нега на болен член од потесното семејство“, каде е регулирано следното:

Оплодување In vitro:

До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Со лекарски извештај за извршено In vitro оплодување.

Над 15 дена: Со лекарски извештај за извршено In vitro оплодување и препорака за боледување до 3 месеци по успешно спроведена БПО постапка (биохемиска потврда за бременост - βHCG во крв/урина).

На денот на остуството од работа потребно е да се јавите кај избраниот лекар за да се отвори боледување или ретроактивно во случај доколку посетата кај избраниот лекар е наредниот работен ден од денот кога е настанувањето на спреченоста за работа.

Избраниот лекар ја запишува датата на почетокот и крајот на привремената спреченост за работа.

Отсуството од работа се оправдува со ИСР - Образец, издаден од избран лекар гинеколог.