Одговара Татјана Тасевска од Организацијата за заштита на потрошувачи.
Знаеме дека постојано кога треба да патуваме некаде и самите туристички агенции ни нудат патничко осигурување. Понекогаш сме во дилема дали треба или нетреба да го купиме, бидејќи тоа е нели дополнителни средства меѓутоа наша препорака е секој што патува да има патничко осигурување, бидејќи сепак излегува надвор од сопствената држава, а патничкото осигурување му овозможува да има здравствено осигурување доколку има потреба. Може да се осигурете и од изгубен багаж во овој случај да добиете надомест на штета и треба да внимавате секако доколку имате патничко осигурување и сте имале потреба од негово користење да се јавите во рок од 48 часа на тој телефонски број што ви е назначен за да може потоа по враќањето да ви бидат од осигурителната компанија рефундирани средствата коишто практично сте ги потрошиле.