Дали може да се продолжи договор за вработување додека работничката е на породилно отсуство? Договорот на определено време истекува за време на породилното.

Одговараат од Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Според законските одредби надоместокот за породилно отсуство од работа, Фондот продолжува да го исплаќа на осигурениците на кои им престанал договорот за работа поради истек на истиот се до крајот на породилното отсуство. Во делот на прашањето дали може договорот да се продолжи за време на породилно отсуство одговор треба да даде Министерството за труд во чија надлежност е Законот за работните односи.