Одговара Мирјанка Алексeвска, експерт за креирање политики од областа на трудовото право.
Се разбира дека само поради тоа што работникот е определен период пред пензионирање во конкретниот случај три години, истиот не треба и не може да биде распореден на друго работно место, па дури и со понизок степен на образование, пониска плата и слично.
Со постојните законски решенија се дава други форми на правна заштита на повозрасните работници како што се дополнителни денови за годишен одмор, како и забрана за работа за ноќе или прекувремена работа без согласност од работникот.
Но треба да се има предвид дека работниот однос помеѓу работникот и работодавачот се уредува со договор за вработување и било каква промена на договорот за вработување треба да биде предложена од една од страните, било да се работи од страна на работодавачот или работникот, ова може д а се случи само, да се реализира само со анекс на колективен договор за вработување, којшто анекс треба да биде потпишан од двете страни, задолжително и од работникот. Истиот е важечки доколку за содржината на договорот за вработување се согласат двете страни, во спротивно тој е ништавен.