Одговара Мирјанка Алексевска, експерт по трудово право.
Доколку на работничка и е одобрено боледување поради патолошка бременост, боледувањето од бременоста може да се прекине и пред почетокот на користење на отсуството од работа поради бременост раѓање и отсуство со цел за користење на неискористениот или целиот годишен одмор при тоа прекинот не треба да влијае, односно треба да се има сметка за понатамошната бременост. Меѓутоа треба да се има во предвид дека пред завршувањето на отсуството од работа поради бременост и раѓање кое ќе заврши до 30 јуни наредната година неискористениот дел од годишен одмор за претходната година може да се користи до 30 јуни наредната година.