fbpx

Дали постои начин да се следат промени што ги прават правните субјекти во Централниот регистар?

Одговара Ирена Лазарова од Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Во завршна фаза од тестирање се услугите за следење на правните субјекти односно секој еден претплатен корисник на дистрибутивниот систем ќе има можност со соодветна селекција на матични броеви на даден број на правни субјекти да си ги следи, а доколку настане промена во некој од тие субјекти кои што ги следи ќе добие соодветна нотификација дека тој правен субјект извршил некаква промена во Централниот регистар, односно ќе добие информација за извршената промена. Соодветно ќе бидат известени сите корисници на дистрибутивниот систем веднаш штом започнеме со испорака на продукција на овие нови услуги.