Одговара Наташа Станојевиќ од Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Алиментација е должен родителот да плаќа на секое дете коешто редовно се школува до 26 годишна возраст без оглед дали стапил во нова брачна заедница или не. Исто така кај лицата или децата со попреченост на која што им е поведено постапка од страна на родителот за продолжено родителство и се донесат решенија од страна на судот дека се продолжува родителството тој е должен да плаќа алиментација додека детето е живо.