Одговара Мирјанка Алексевска, експерт по трудово право.
Постапката и условите за вработување и работа на странци е регулирана со Законот за вработување и работа на странци. Странец може да се смета како вработено лице во Република Северна Македонија кога ќе склучи договор за вработување со работодавач чие седиште или место на живеење е во Република Македонија. Со склучување на договорот за вработување се создава и обврската за плаќање на придонесите за задолжително социјално осигурување согласно закон и со тоа за тој временски период работникот има право на стаж на осигурување, односно пензиски стаж. Странски државјанин кој е вработен во Република Северна Македонија според странско право нема право на користење на стаж за осигурување согласно прописите на Република Македонија.