Одговара Мирјанка Алексовска, експерт за креирање политики од областа на трудовото право.
Во постојните законски решенија нема ограничување за можноста и студент да склучи договор за вработување. Значи, студент може да склучи договор за вработување согласно закон и притоа да го задржи статусот на редовен студент. Колку што мене ми е познато стекнувањето на правото на стипендијата како талентиран студент не зависи од материјалната состојба на студентот па оттука и со склучувањето на договорот за вработување не треба истиот да има влијание на стекнатата стипендија којашто студентот ја стекнал како талентиран студент.

