fbpx

Дали управител на фирма може истовремено да биде пријавен во Агенција за вработување и како шофер во истата фирма?

Одговара Мирјанка Алексевска, експерт по трудово право.

Дали управител на фирма може да биде назначен односно да врши работи и работни задачи како возач зависи и од видот на трговското друштво. Доколку се работи за самостоен вршител на дејност или друштво со ограничена одговорност во тој случај нема пречка управителот да биде и возач. Доколку се работи за друг вид на трговско друштво тоа не ќе може да се врши од причини што Законот за трговски друштва е предвидено работник кој што се има склучено договор за вработување во трговското друштво со назначување на управител правата од работен однос врз основа на склучениот договор на вработување му мируваат.