fbpx

Дали законски ми следува одвоен живот од компанијата и дали може компаниите да го избегнат тоа?

Јас сум од Куманово, дипломиран електроинженер. Вработен сум со договор од една година, којшто завршува на 30 септември. Ми понудија нов договор од една година за работа во Тетово (околу 90 километри од мојата адреса на постојано живеење). Моето прашање е дали законски ми следува одвоен живот од компанијата или има дупки низ коишто можат да ги избегнат тоа? Во колективниот договор пишува дека следува одвоен живот, но кога прашав во човечки ресурси ми викаат дали сакаш вака да го потпишеш договорот или не. Работата е што има повеќе вработени што се вака распределени во градови каде што има потреба.

Одговара Милан Живковиќ од Фондација Фридрих Еберт – Скопје (ФЕС)