fbpx

Имам фирма, но се водам како самостоен занаетчија. Секој месец плаќам придонеси, но немам законска обврска да си пуштам плата. Дали ми следува породилно?

Одговараат од Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Надоместок на плата за породилно отсуство може да оствари и самовработено лице кое остварува плата на која обврзникот – самовработено лице ги има платено придонесите. Врз основа на исплатените плати во периодот од 12 месеци или 6 месеци пред настанување на случајот, се изготвува пресметка за утврдување на надоместокот на плата кој ќе го прима осигуреникот од Фондот.